Во денешниот свет на забрзана глобализација, сеопфатното образование за студентите, како и професионалниот развој на академскиот кадар се од суштинско значење за Факултет за туризам и бизнис логистика.
Соработка со бизнис секторот и институциите
Значајна компонента на делувањето на Факултет за туризам и бизнис логистика е и соработката со бизнис секторот. Преку директната соработка со локални и национални компании, факултетот гради взаемни релации со цел да се премости јазот помеѓу академијата и индустријата. Компаниите имаат пристап до најновите резултатите од научни истражувања, научна консалтинг експертиза, како и пристап до талентирани дипломци опремени со потребното знаење и вештини. За возврат, Факултет за туризам и бизнис логистика има можност да ги збогатува наставните програми со практичните аспекти на реалното работењето во бизнис секторот, овозможувајќи релевантно и практично знаење за своите студенти и усогласување со потребите на пазарот. Оваа соработка им нуди практично искуство на студентите и можности за вмрежување од каде произлегува и нивно вработување по дипломирањето. Погледнете ја листата на соработници на Факултет за туризам и бизнис логистика подолу во текстот.
Меѓународна соработка
Со рамки на воспоставените меѓународната партнерства, како од Факултет за туризам и бизнис логистика, така и на ниво на Универзитетот, на студентите и вработените на УГД им се овозможува да учествуваат во рани програми, проекти и обуки што се спроведуваат на странски универзитети и на тој начин да се здобијат со значајно знаење и искуство од други добри практики, кои понатаму ќе го искористат во својата кариера. Во нашата земја УГД е универзитет со најголем број (над 400) меѓуинституционални договори, при што во тек на една академска година се остварува размена на повеќе од 300 дојдовни студенти и 50 лица како наставен и административен кадар.
Повеќе за меѓународната соработка во рамките на УГД можете да најдете на: ugd.edu.mk/za-ugd/sorabotka
Еразмус+ програма
Во рамките на УГД веќе долги години успешно се реализира и програмата Еразмус+, која е проект на Европската Унија во областа на високото образование и која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Размена на студенти:
Програмата е наменета за сите редовно запишани студенти на УГД што имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите, имаат постигнато солиден успех и имаат познавање на англискиот јазик. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските универзитети, чија целосна листа може да се најде тука, а студиската размена може да се реализира во период од 6 или 12 месеци. Во рамките на Еразмус+ програмата нудиме и програма на англиски јазик и активности за странските студенти што доаѓаат на размена на УГД.
Размена на вработени:
Наставниот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ преку Еразмус+ програмата има можност за мобилност, која може да се оствари на еден од странските Универзитети со кои УГД има склучено договор за соработка. Мобилноста за вработените е во времетраење од една недела и може да биде остварена во форма на предавања или обука. Со цел оваа програма да биде подобро промовирана пред студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и состаноци со претставници од Националната агенција.
Дополнително, сите потребни информации можете да ги добиете на следниот линк: cmus.ugd.edu.mk
Листа на соработници на Факултет за туризам и бизнис логистика
- Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, ДТИР (линк: https://fez.gov.mk/ )
- Шпаркасе банка (линк: https://www.sparkasse.mk/mk/private-clients
- Царинска управа на Р. С. Македонија (линк: https://www.customs.gov.mk/ )
- Халк осигурување А.Д. (линк: https://www.halkinsurance.com.mk/ )
- Халк Банка (линк https://halkbank.mk/ )
- Бета Шпед (линк: https://www.betasped.org/ )
- Адиент Сеатинг (линк: https://www.adient.com/north-macedonia/stip/ )
- Џонсон Мети
- Кемет Електроникс (линк: https://energija.com.mk/Content/Kemet-Electronics—Skopje-fabrika-za-elektronski- )
- Дура Шило
- Паркленд хоспиталити груп ( линк: https://phg.mk/ )
- Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (линк: https://southeast.mk/ )
- СУГС „Лазар Танев” – Скопје (линк: https://lazartanev.edu.mk/ )
- ЦЕФЕ Македонија (линк: https://cefe.mk/ )
- ДПТУ Сага Грос ДООЕЛ Гевгелија
- ШТ ДОО Богданци
- Казино Фламинго Хотел Макотен ДООЕЛ Гевгелија (линк: https://gevgelija.casino-f.com/mk/home-3/ )
- Квенбергер Логистик Македонија ДООЕЛ Штип (линк: https://www.quehenberger.com/mk/Kontakt )
- Урбаниста Хотел и Бар, Штип (линк: https://urbanista.mk/ )
- Хотел Парк, Струмица
- Ангропромет Тиквешанка, Кавадарци
- Фершпед АД Скопје Подружница Хотел Александар Палас, Скопје (линк https://www.fersped.com.mk )
- Макпрогрес ДОО, Виница (линк: https://makprogres.com.mk/ )
- Хотел Буши, Скопје (линк: https://bushiresort.com/ )
- Катлановска Бања, Скопје (линк: https://www.katlanovskaspa.com/ )
- Хотел „Цар Самуил“, Струмица (линк: https://carsamuil.com/ )
- Мавровски Конак ДООЕЛ, с. Маврово и Ростуша